Thursday, November 30, 2017

Океан

Океан  е голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата   е прекриена со океани, споен резервоарна вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.
Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлански Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северен Леден Океан. 
Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони  km2, волумен од 1.340 милиони km2, а просечната длабочина е 3.711 метри. 

Савана

Саваните се предели со високи треви (2-4м) во тропските области, кои се одликуваат со влажен и сув период во годината. Саваните најчесто се рамничарски предели со помалку речни текови. Се простираат северно и јужно од тропските шуми. Низ саваните се наоѓаат осамени дрвја - акација, баобаб и евкалиптус. Дрвјата баобаб достигнуваат височина од околу 20м, а можат да имаат стебла со дебелина од околу 9м. Саваните се изразито сточарски области. Во нив живеат разни тревопасни (жирафа, зебра, антилопа, слон, бивол, носорог и др.) и месојадни животни (лав, леопард, гепард, хиена и др.)
Типична тропска савана во Северна Австралија која покажува висока густина на дрво и редовно растојание карактеристична за многу савани.




Сан Рафаел, Венецуела

Wednesday, November 29, 2017

Тропски прашуми

Екваторијалните и тропските шуми се дождовните  шуми  кои се наоѓаат околу екваторот, а и во влажните делови на тропските предели. Тие се најголемиот шумски систем на планетата, чиј опсег зафаќа површина од над 15.000.000 км²
    Екваторска шума во Габон
 Екваторијалната шума е најстарата шума на планетата и екосистем со најголем биодиверзитет во светот. Се смета дека тие се дом на околу 90% од сите живи организми на планетава. 
  Поради густината на вегетацијата во горните катови на шумата, во некои тропски дел на шуми недостасува подлес, но присуствуваат грабливи и паразитски растенија, како огромната рафлезија Арнолд, чија големина има дијаметар од над 1 метар.
 Освен мали животни како инсектите, птиците и водоземците, густата тропски дел на шуми се дом и на многу гиганти меѓу животински свет како слонови, два вида носорози, јаванскиот носорог и Азискиот носорог, тапири, окапи и др.


Saturday, November 25, 2017

Биоми

       На Земјата постојат повеќе видови големи биоми,а тоа се:
  1. Поларен биом во кој спаќаат Далечниот север и Далечниот југ кои најголем дел од годината се покриени со снег и со мраз.
  2. Пустински биом 
  3. Тропската  прашума се наоѓа во близина на екваторот каде што климата е топла и влажна преку целата година.
  4. Шума 
  5. Савана 
  6. Планински биом
  7. Северна шума
  8. Тундра во која е премногу студено за дрвја, но во горниот слој од почвата  можат да виреат мали растенија (мов или шамак).Ваквата вегетација се јавува благодарение на тоа што во текот на краткото лето, снегот и мразот од површинскиот слој на земјата се топи.
  9. Океан 
😉Секој  од нив е составен од помали живеалишта, најчесто слични едно на друго.
😊Секој биом е производ на климата, карпите и земјиштето во определена област.


Wednesday, November 22, 2017

Екологија

      Зборот   ЕКОЛОГИЈА   потекнува   од   старогрчкиот   збор   оикос (ecos),  што  значи   ,,куќа" .Оттаму, екологијата  може  да   се  смета   за  наука   што  се  занимава  со  начинот  на   кој   ,,природата се грижи за домаќинството" . Таа    набљудува   како  преживуваат   животните, растенијата  и  другите  живи  организми  во  природата, ги проучува  начините на  нивната меѓусебна зависност и врските меѓу нив (на пример меѓу растенијата и тревопасните животни,  грабливецот и пленот или  паразитот и домаќинот). Освен тоа, таа истражува како живите организми се приспособуваат на неживата природа што ги  опкружува (на пример, воздух, вода, земја и карпи), и како се справуваат со променливите услови (временски услови, клима, годишни времиња).
     Екологијата е нова област на природните науки. Таа се проучува прецизно и сериозно, помалку од сто години, додека зоологијата (наука за животните) и ботаниката (наука за растенијата) се стари повеќе од илјада години.