Wednesday, November 29, 2017

Тропски прашуми

Екваторијалните и тропските шуми се дождовните  шуми  кои се наоѓаат околу екваторот, а и во влажните делови на тропските предели. Тие се најголемиот шумски систем на планетата, чиј опсег зафаќа површина од над 15.000.000 км²
    Екваторска шума во Габон
 Екваторијалната шума е најстарата шума на планетата и екосистем со најголем биодиверзитет во светот. Се смета дека тие се дом на околу 90% од сите живи организми на планетава. 
  Поради густината на вегетацијата во горните катови на шумата, во некои тропски дел на шуми недостасува подлес, но присуствуваат грабливи и паразитски растенија, како огромната рафлезија Арнолд, чија големина има дијаметар од над 1 метар.
 Освен мали животни како инсектите, птиците и водоземците, густата тропски дел на шуми се дом и на многу гиганти меѓу животински свет како слонови, два вида носорози, јаванскиот носорог и Азискиот носорог, тапири, окапи и др.


No comments:

Post a Comment