Зборот ЕКОЛОГИЈА потекнува од старогрчкиот збор оикос (ecos), што значи ,,куќа" .Оттаму, екологијата може да се смета за наука што се занимава со начинот на кој ,,природата се грижи за домаќинството" . Таа набљудува како преживуваат животните, растенијата и другите живи организми во природата, ги проучува начините на нивната меѓусебна зависност и врските меѓу нив (на пример меѓу растенијата и тревопасните животни, грабливецот и пленот или паразитот и домаќинот). Освен тоа, таа истражува како живите организми се приспособуваат на неживата природа што ги опкружува (на пример, воздух, вода, земја и карпи), и како се справуваат со променливите услови (временски услови, клима, годишни времиња).
Екологијата е нова област на природните науки. Таа се проучува прецизно и сериозно, помалку од сто години, додека зоологијата (наука за животните) и ботаниката (наука за растенијата) се стари повеќе од илјада години.
No comments:
Post a Comment